12 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Полициски службеник од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Блато, се самоповредил во ногата при интервенција во село Спас, во близина на границата со Република Албанија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 10 октомври 2025 година, околу 22 часот. Полицајците забележале неколку лица кои се обидувале нелегално да пренесат жив добиток преку граничната линија.
При обид да ги спречат во намерата, еден од полициските службеници испукал неколку предупредувачки куршуми во воздух. Откако криумчарите се дале во бегство, оставајќи го добитокот, полицискиот службеник се обидел да го врати својот пиштол во футролата, но при тоа – по несреќен случај – се повредил во ногата.
Повредениот бил веднаш згрижен, а надлежните служби извршиле увид на местото на настанот. Од Министерството информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден