TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за заштита од пушење ќе затвори над 4.000 бизниси

26 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Малите продажни објекти во земјава – тобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите семејни бизниси – сериозно ќе бидат погодени од предложениот Закон за заштита од пушење и ќе се соочат со значителни финансиски загуби, отпуштања на вработени и масовни затворања. Ова е ставот на малите трговци во однос на нацрт-законот што предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето и тутунските производи.

Според сопствениците на малите продажни објекти, одредбите што се однесуваат на начинот на продажба, изложување и комуницирање на цигарите и другите тутунски и никотински производи директно ја загрозуваат нивната егзистенција. Податоците на Стопанската комора на Северна Македонија покажуваат дека станува збор за повеќе од 4.000 мали и средни бизниси низ целата држава.

Голем дел од месечните приходи на овие објекти, како што велат трговците, се обезбедуваат преку долгорочни договори со тутунската индустрија. Поради тоа, тие бараат поправедно законско решение и воведување преоден период кој ќе им овозможи постепено прилагодување на новите регулативи.

Нацрт-законот предвидува целосна забрана за изложување на цигари и други тутунски и никотински производи, како и на уредите за нивна употреба. Производите ќе мора да се чуваат во непроѕирни, затворени шкафови, недостапни за купувачите, без надворешно осветлување или визуелни елементи што привлекуваат внимание. Дополнително, продажните објекти нема да смеат да имаат каков било брендинг или комуникација што укажува дека таму се продаваат вакви производи.

Малите трговци реагираат дека ваквото законско решение најмногу ги погодува оние кои со години работеле легално и инвестирале значителни средства во уредување на продажниот простор.

„Во изминатите години вложивме сериозни средства во витрини, специјализирана опрема и безбедносни системи, сè прилагодено за легална продажба на тутунски производи. Со новите ограничувања, тие инвестиции стануваат бескорисни. Голем дел од нив се финансирани со кредити, што сега нè доведува до сериозни финансиски проблеми, а за многумина тоа ќе значи целосно затворање на бизнисот“, велат сопствениците.

Како дополнителен проблем го посочуваат фактот што законот предвидува исклучок за специјализирани продавници за тутун и никотински производи, но не дефинира јасни критериуми за тоа кои објекти спаѓаат во таа категорија. Не се прецизира ниту дали постојните продавници можат да се прилагодат, под кои услови и во кој рок, што, според трговците, отвора простор за селективна примена на законот.

Особено спорен е и изостанокот на преоден период за прилагодување. Трговците предупредуваат дека промената на деловниот модел не може да се реализира преку ноќ.

„Без преоден рок ќе мора нагло да се раскинуваат годишни договори, да се преуредуваат простори и да се отстранува брендинг. Тоа ќе доведе до финансиски колапс, отпуштање на вработени и затворање на голем број мали продажни објекти“, нагласуваат тие.

Дополнително, целосната забрана за продажба на ароматизирани тутунски и никотински производи отвора прашања за постојните залихи. Трговците прашуваат што ќе се случи со производите за кои веќе се платени сите давачки кон државата, бидејќи законот не предвидува ниту преоден рок за нивна продажба, ниту механизам за нивно враќање.

Инаку, предлог-законот, подготвен од Министерството за здравство, покрај целосната забрана за пушење во јавни и работни простории, предвидува и строга забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, како и дополнително регулирање на продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи.

Малите трговци апелираат нивните забелешки сериозно да се земат предвид во натамошната законска процедура, со цел да се избегнат сериозни економски последици врз илјадници семејства кои егзистираат од овие бизниси.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Алијанса на Таравари ќе го обжали „Безбеден град“ пред Уставен: Не се почитуваат правата на Албанците

МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Величковски: ETIAS е цената што ја плаќаме затоа што С. Македонија не е во ЕУ

МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Малолетник предизвикал тешка сообраќајна несреќа во Долно Коњари, пешак во животна опасност

СВЕТ
26 јануари 2026

Германија се подготвува за „воен Старлинк“: Рајнметал и OHB работат на суверена сателитска мрежа

МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Бивш бугарски амбасадор: За Борис Трајковски немаше дилема дека Бугарите и Македонците се еден народ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Колку чинеше учеството на премиерот Мицкоски во Давос и што всушност донесе неговото присуство?

МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Пораст на водостоите на повеќе реки низ земјава, езерата стабилни

МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

СКСМ: Решенија преку институции, не преку блокади – европската интеграција бара одговорност и стабилност

СВЕТ
26 јануари 2026

Борисов: Бугарија гради исклучително блиско и доверливо стратешко партнерство со САД

МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

СДСМ: Мицкоски меѓу НАТО-политичарите со најскапи часовници

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 јануари 2026

Eколошкиот криминал во Северна Македонија останува неказнет

ДРУГО
26 јануари 2026

26 јануари – Кога молитвата победува војска: Свети Јаков, епископ Нисибиски

ДРУГО
26 јануари 2026

Ѕвездена насока за денес – Дневен хороскоп за 26 јануари 2026

МАКЕДОНИЈА
25 јануари 2026

Мега-паркот во Карпош: зелена оаза во најавите, запуштен простор во реалноста

МАКЕДОНИЈА
25 јануари 2026

Села: Проектот „Сејф сити“ е насочен против Албанците

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 јануари 2026

Левица: Скопјани ќе останат без нови автобуси и во март

СВЕТ
25 јануари 2026

Успешната Бугарка Кристалина Георгиева на средба со папата Лав XIV

МАКЕДОНИЈА
25 јануари 2026

Атанасоски: Секоја зима Македонија живее во канцероген логор поради загадениот воздух

МАКЕДОНИЈА
25 јануари 2026

Ким Мехмети: Македонија не може да има иднина без договор меѓу Македонците и Албанците!

КОЛУМНИ
25 јануари 2026

Излез-Влез системот: Николоски ја обвинува ЕУ за бирократија, но молчи за институционалниот неуспех дома

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
25 јануари 2026

Бугарски навивач од „Софија Запад“ загина на фронтот во Украина

ДРУГО
25 јануари 2026

Ѕвезден Пулс на Денот: Дневен Хороскоп за 25 јануари 2026

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Квалитетот на живот во Северна Македонија меѓу најниските на Балканот

СВЕТ
24 јануари 2026

Данската премиерка ја посети Гренланд во услови на спор со САД

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Трајановски: Буџетска дупка од 2 милијарди евра ја турка државата кон предвремени избори

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Ким Мехмети: Во Македонија сиромашен си само додека не влезеш во политика

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Филип Петровски: Српскиот свет е сериозна закана што го негира постоењето на Македонија

СВЕТ
24 јануари 2026

Илијана Јотова официјално првата жена претседател на Бугарија

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега