27 мај 2025
• од Вардарски
Во сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 19:15 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода, малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил во пешак. Инцидентот се случил во близина на Клиниката за лечење на зависности, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Инфомакс.
Според првичните информации од МВР, мотоциклот марка „Беверли“ бил без регистарски таблички, а по несреќата пешакот бил пренесен со Итна медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“. Возачот на мотоциклот, пак, го напуштил местото на настанот веднаш по ударот.
По преземени оперативни мерки, полицијата успеала да го пронајде и идентификува мотоциклистот. Станува збор за малолетно лице кое го управувало возилото без да поседува возачка дозвола. Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.
Од Министерството апелираат за почитување на сообраќајните прописи, особено кога станува збор за управување со моторни возила од лица кои не ги исполнуваат законските услови, со цел да се избегнат вакви трагични инциденти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

