01 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Вчера околу 07:50 часот на автобуска постојка во скопската населба Бит Пазар, 15-годишно момче било физички нападнато од двајца негови врсници.
Случајот бил пријавен во 19:50 часот во СВР Скопје од Б.Ф. (49) од село Радуша, која информирала дека нејзиниот син бил нападнат и претрпел физички повреди.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека веднаш биле преземени мерки за расветлување на настанот и идентификација на напаѓачите.
Инцидентот предизвика вознемиреност кај граѓаните, особено поради тоа што се случил на јавно место и во близина на голема фреквенција на луѓе.
Полицијата продолжува со работа на расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден