04 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно“, проф. Горан Марковски, денеска одржа прес-конференција во близина на депонијата „Вардариште“, која сè уште гори. Со симболична маска од диносаурус, тој испрати порака дека граѓаните ќе се соочат со иста судбина како изумрените праисториски животни, доколку не се преземат сериозни мерки за справување со загадувањето.
„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, изјави Марковски, нагласувајќи дека загадениот воздух и несоодветното управување со отпадот се најголемата закана за здравјето на скопјани.
На настанот, професорот предложи стручно решение за депонијата Вардариште – собирање и искористување на метанот кој се ослободува од отпадот за производство на електрична енергија.
„Во ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар“, предупреди Марковски.
Тој посочи дека во повеќе од 200 локации во Европа веќе се применува технологија за собирање на гасот преку цевки, кој потоа се користи за добивање струја.
Марковски смета дека токму решавањето на овој проблем може да се претвори во можност:
„Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и, секако, независност“, додаде тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

