29 април 2025
• од Вардарски
Семејствата на загинатите во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжија со маршот низ Скопје, изразувајќи го своето незадоволство и барање за одговорност од институциите. По собирот пред Собранието на Република Северна Македонија, каде што упатија јасни повици за оставки и преземање на одговорност од страна на пратениците, семејствата се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде што се очекува средба со министерот Панче Тошковски.
Претходно, пред парламентот, настраданите семејства имаа средба со пратениците од Левица и СДСМ. Меѓу првите што им излегоа во пресрет беа Борис Крмов и Јована Мојсоска од Левица, а подоцна се приклучија и пратениците од СДСМ. Средбата кулминираше со разговор со лидерот на опозицијата, Венко Филипче.
Во текот на 46-тата седница на Собранието, на која се расправаше за интерпелацијата на министерот Тошковски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, информираше дека министерот ќе ги прими семејствата на загинатите.
Семејствата настрадани во несреќата и претходно го искажаа својот револт, протестирајќи пред Јавното обвинителство во Скопје. Тие побараа оставки од сите одговорни функционери, формирање експертска влада и темелна истрага за случајот. Дел од нив влегоа и во зградата на обвинителството, каде што вчера беше побарана средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите поврзани со трагедијата.
Маршот започна во 12 часот и 5 минути – симболичен час што, според семејствата, ја означува задоцнетата реакција на надлежните институции на денот на пожарот. Со оваа акција тие бараат правда, транспарентност и одговорност за загубените животи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

