07 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска изјави дека деновиве ќе бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор на дивата депонија „Вардариште“.
„Веќе е испратен Инспекторатот на терен и ги чекаме резултатите. Врз основа на тоа ќе одговориме“, рече Меџити, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која беше презентиран проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.
Во последните денови, жителите на скопските општини Аеродром и Лисиче секојдневно протестираат од 18 часот, барајќи институционално решавање на проблемот со депонијата. Тие тврдат дека од „Вардариште“ се шири чад и непријатна, штетна миризба, која директно влијае врз квалитетот на воздухот и нивното здравје.
Проблемот со депонијата не остана незабележан ниту во политичката арена. „Вардариште“ овие денови беше дел од предизборната реторика на кандидатите за градоначалници на Скопје, кои понудија различни решенија за трајно надминување на овој долгогодишен еколошки проблем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден