06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, му изрази благодарност на премиерот на Косово, Албин Курти, за неговата честитка по повод изборната победа на коалицијата ВЛЕН на последните парламентарни избори во Северна Македонија.
Во објава на социјалните мрежи, Меџити истакна дека соработката меѓу владите на двете земји била искрена и длабока, и дека ќе продолжи и во иднина.
„Мојот пријател, г. Албин Курти, ви благодарам за честитките за победите на ВЛЕН во секој дел од Северна Македонија. Во месеците кога бев заменик-премиер, нашата владина соработка беше искрена и длабока. Истата ќе продолжи и понатаму, затоа што нашите односи се силни и непоколебливи,“ напиша Меџити.
Тој додаде дека Северна Македонија и Косово веќе изградиле пријателство засновано на конкретни проекти и работа, кои според него ги зајакнуваат братските и соседските односи меѓу двата народа.
„Добрите дела меѓу двете влади ги зацврстуваат нашите братски и соседски врски,“ порача Меџити по честитката на Албин Курти.
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

