26 април 2025
• од Вардарски
Првиот вицепремиер, Изет Меџити, во гостување во емисијата „Топ тема“ откри дека имал понуда да ја растури коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Според неговите зборови, понудата му била прва упатена токму нему, но тој ја одбил.
„Имаше обиди и јас ја имав првата понуда. Ми рекоа преку посредници да се вратам во ДУИ. Ми објаснија дека сега кога Артан (Груби) го нема, партијата ќе се 'исчисти' уште повеќе, дека Али Ахмети ќе се пензионира и дека ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, затоа што прифатив да бидам дел од промената преку ВЛЕН“, изјави Меџити.
Тој посочи и дека Арбен Таравари, исто така, добил „некаква понуда“ и порача дека треба искрено да објасни пред јавноста каква понуда добил и каков договор постигнал.
Меџити со овие изјави потврди дека постојат обиди за разбивање на коалицијата ВЛЕН, но истакна дека тој останува верен на политичките промени за кои се залагал од почетокот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

