03 мај 2025
• од Вардарски
Денес, првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, јавно ѝ се заблагодари на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, за нејзината континуирана поддршка во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар. На церемонијата по повод поставувањето на камен-темелникот, Меџити истакна дека присуството на амбасадорката е силен доказ за стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
„Нејзиното присуство денес е доказ за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД. Тоа не е само на хартија, туку и во бетон и челик, во работа и инвестиции,“ изјави Меџити. Тој додаде дека со изградбата на автопатот, Полошкиот регион ќе се трансформира во важна раскрсница на можности и инвестиции, со што ќе се создадат услови за младите луѓе да се вратат во земјата.
Меџити упати благодарност и до компанијата Бехтел Енка, нагласувајќи ја нивната клучна улога во реализацијата на проектот. „Му се заблагодарувам на тимот на Бехтел Енка – без вашата експертиза, оваа визија немаше да стане конструктивен факт. Ние не градиме само автопат, ние градиме доверба,“ рече Меџити.
Со овој инфраструктурен проект, владата на Северна Македонија се надева дека ќе го зајакне економскиот развој на регионот и ќе ја зголеми поврзаноста во земјата, отворајќи нови перспективи за инвестиции и повраток на младите генерации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

