МАКЕДОНИЈА

Меџити: Вработувањата на Албанците стануваат законска обврска за државата

25 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На денешната владина седница, беше усвоен Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, што претставува значаен чекор кон институционализирање на еднаквоста во јавната администрација. Вицепремиерот Изет Меџити го оцени овој закон како „историски момент“, нагласувајќи дека за првпат уставната обврска за застапеност на сите заедници добива комплетна и јасна законска рамка.

„Иако ова прашање требаше да биде законски регулирано уште во 2003 година, повеќе од две децении беше заложник на политичката волја,“ изјави Меџити. Тој истакна дека новиот закон гарантира еднаков пристап до вработување и унапредување во јавниот сектор, правична застапеност на сите етнички заедници, и воведување механизми за спречување дискриминација и поттикнување инклузивност.

Според него, законот обезбедува вработувањата и унапредувањата да се вршат врз основа на заслуги и квалификации, а не според етничка или политичка припадност.

„Овој задоцнет, но неопходен чекор, конечно ја трга правичната застапеност од влијанието на дневната политика и ја претвора во законско право за секој граѓанин,“ додаде Меџити.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени