01 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
По повеќе од шест месеци тешки болнички денови и борба за живот, 18-годишната Мелани Тасева конечно се врати дома. Таа беше најтешко повредениот преживеан во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој ја потресе јавноста.
Поради сериозноста на повредите, веднаш по несреќата Мелани првично беше хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“. Подоцна беше префрлена во Воено-медицинската академија во Белград, каде што продолжи со третманите.
По одреден период, таа повторно се врати во „Жан Митрев Клиник“, но здравствената состојба ѝ се влоши и на 5 мај, во крајно тешка општа состојба, беше префрлена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Таму продолжи долгата и исцрпувачка битка за живот.
Мелани помина вкупно 139 дена во тешка здравствена состојба, борејќи се ден по ден со поддршка од тимот лекари и медицински персонал. Нејзиното закрепнување беше резултат на истрајност, силна волја и посветена медицинска грижа.
Нејзиното враќање дома претставува огромно олеснување и радост за нејзиното семејство, пријателите и сите кои со месеци ја следеа борбата за нејзиниот живот. Мелани останува симбол на надеж и сила за многумина, а нејзината приказна потсетува на важноста на поддршката и човечката храброст во најтешките моменти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден