12 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Триесет и четиригодишен жител на Скопје бил прегазен вчера попладне на кружен тек во главниот град, по што возачот на возилото го напуштил местото на сообраќајната несреќа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата во СВР Скопје, несреќата се случила на 11 декември 2025 година околу 14:45 часот на кружниот тек меѓу улиците „Борис Сарафов“, „Лука Геров“, „Македонски војски“ и булеварот „Партизански одреди“. Патничко возило марка „мерцедес“ удрило во пешакот Х.М. (34), по што возачот со возилото избегал од местото на настанот.
Пешакот се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Неговата здравствена состојба засега не е дополнително соопштена.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на возачот кој ја предизвикал несреќата.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

