05 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема ништо спорно во тоа што вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе ја продолжи својата функција и покрај тоа што е кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
„Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека ова не е првпат функционери да бидат кандидати за други позиции додека вршат јавна функција.
Тој потсети дека слични примери постоеле и во минатото и дека тоа не го попречува редовното функционирање на институциите.
„Сето она што претставува нормално функционирање на институциите ќе продолжи во таа насока“, додаде премиерот, јасно ставајќи до знаење дека не гледа потреба од прекин на министерската функција заради изборна активност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

