17 мај 2025
• од Гоце Кически
Премиерот Христијан Мицкоски вчера јавно се пофали со Договорот за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, нарекувајќи го „голем успех на новата влада“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, документот кој го фали Мицкоски не е ново дипломатско достигнување на актуелната власт, туку договор подготвен и склучен за време на претходната влада предводена од СДСМ, и тоа уште во 2020 година.
Договорот беше потпишан на 3 декември 2020 година во Скопје од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, во име на владата на Северна Македонија, и Рејчел Галоуеј, британска амбасадорка во Скопје, во име на владата на Обединетото Кралство.
Целта на договорот беше да се обезбеди континуитет на трговските и политичките односи со Обединетото Кралство по излезот на Британија од Европската Унија, со што се задржуваат царинските преференции, можностите за извоз и инвестиции, и воспоставување правна рамка за соработка.
Договорот официјално стапи на сила на 29 декември 2023 година, но неговите темели беа поставени и договарани токму во периодот кога СДСМ беше на власт.
Иако Мицкоски изјави дека договорот е „плод на напорната работа на новата влада“, експертите и поранешни функционери потсетуваат дека овој договор не е резултат на нови иницијативи, туку продолжение на стратегијата за европска и евроатлантска интеграција која се водеше од страна на претходната влада.
„Добро е што новата влада го препознава значењето на договорот, но би било коректно да се признае дека тој е резултат на процес започнат и завршен од СДСМ и МНР под водство на Османи,“ изјави еден поранешен дипломат кој беше дел од тимот што работеше на договорот.
Договорот овозможува:
Со ваквиот договор, Северна Македонија ги зацврстува економските врски со еден од најважните партнери надвор од ЕУ, со потенцијал за зголемување на трговијата и инвестициите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

