10 септември 2025
• од Вардарски
Депонијата Вардариште со децении претставува извор на загадување за скопјани, а проблемот повторно се актуелизира откако на 31 август годинава таму избувна пожар. Жителите на Аеродром веќе денови протестираат, го блокираат сообраќајот кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат итно решение пред локалните избори закажани за 19 октомври.
Проблемот стигна и до премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека, според мерењата, нема алармантни параметри на штетни честички кои би го загрозиле здравјето на граѓаните.
„Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но, лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави,“ изјави премиерот, додавајќи инсуинација дека зад настаните стои нечии интерес.
Мицкоски посочи и на потешкотиите при решавање на проблемот со отпадот и депониите. Според него, при секој обид да се изградат регионални центри за складирање и преработка на отпадот се појавувале реакции од невладини организации и политичари.
„Сите велиме не сакаме отпад, но отпад создаваме. Тој отпад треба негде да се одлага. Таму каде што треба да се одлага, прво имаме невладини кои коментираат зошто баш кај нас да се одлага. Имаме политичари кои мислат дека на дневна основа ќе добијат некој политички поен па ќе напаѓаат зошто баш кај нас да се одлага. Имаме трета група луѓе кои сѐ што ќе направи Владата велат не чини, а тоа е во суштина работа која е наследена од минатото,“ нагласи тој.
Иако премиерот смирува дека параметрите не се алармантни, жителите на Аеродром остануваат загрижени за своето здравје и бараат институциите конечно да го решат повеќедеценискиот проблем со Вардариште. Протестите продолжуваат, а прашањето сè повеќе добива и политичка димензија со оглед на претстојните избори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

