13 април 2025
• од Вардарски
Министерството за здравство соопшти дека во моментов 48 пациенти се наоѓаат на лекување во странски медицински центри. За претстојниот викенд не се очекуваат нови исписи, а состојбата кај пациентите останува непроменета.
Од министерството информираат дека пациентите кои се во критична состојба продолжуваат да се борат со сериозни здравствени компликации, додека останатите се во стабилна состојба и под постојан медицински надзор.
Во домашните болници во земјава моментално се згрижени 10 пациенти. Од нив:
Во ГОБ „8 Септември“ се лекува еден пациент, додека друг, кој претходно бил префрлен од Анкара, е прегледан и пуштен на домашно лекување. Исто така, пациент кој се вратил од Марибор бил прегледан на Клиниката за пулмологија и исто така е пуштен дома.
Министерството за здравство останува посветено на внимателно следење на состојбата на сите повредени пациенти, со цел да се обезбеди најдобар можен третман и целосна рехабилитација. Институцијата истакнува дека здравјето и безбедноста на пациентите остануваат приоритет број еден.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

