02 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Новинарот Александар Митовски, познат под псевдонимот Мечка, во гостување за порталот Инфомакс изјави дека Македонија практично е претворена во „трета албанска држава“.
Митовски потсети дека претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, присуствувала на гала вечера организирана од албанската дијаспора во Њујорк. На истиот настан биле присутни и претседателот на Албанија Бајрам Бегај, како и претседателката на Косово Вјоса Османи.
„На едно место беа собрани лидерите на трите албански држави – Албанија, Косово и Северна Македонија,“ изјави Митовски, алудирајќи дека со тоа се потврдува тезата за геополитичко вмрежување на Македонија во албанскиот блок.
Според него, овој настан не бил промовиран од македонските институции, туку бил истакнат од албанските политички партии. „Оние кои се претставуваат како големи патриоти и експерти – ги нема да реагираат. А реалноста е дека Македонија е третата албанска држава,“ рече тој.
Митовски се наврати и на минатите предлози за поделба на Македонија, потсетувајќи на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Според него, денес тоа што некогаш било политички сценарио, станува реалност преку однесувањето на актуелното државно раководство.
„Лидерите на трите албански држави беа на едно место во Америка. Тоа е доказ дека Македонија веќе ја направија трета албанска држава,“ заклучи Митовски, додавајќи дека патриотизмот во земјата останува само „магла“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден