11 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство, Добре Митрев, во гостување во емисијата „360 степени“ изнесе пример на девојче од Кавадарци кое, според него, било дискриминирано поради националната определба на нејзиниот татко.
Според Митрев, станува збор за 18-годишна кандидатка која сакала да се запише на Полициската академија, но добила известување дека „не ги исполнува безбедносните услови“. Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не дала согласност за нејзиното запишување.
„Причината, велат тие, е непочитување на безбедносните услови, но во суштина тоа е затоа што таткото отворено се декларира како Бугарин. Тоа е најнов пример на дискриминација“, истакна Митрев.
Митрев отворено праша: „На кого во Македонија би му сметало ако во Уставот стојат Бугарите?“ Тој потсети дека македонските Бугари, како што рече, се луѓето кои пред и по 1945 година се бореле за независна Македонија.
Тој додаде дека медиумите имаат значајна улога во примената на правата на Бугарите во Македонија и потенцираше дека лично има почит кон македонската државност.
„Ако бев спортист, со гордост ќе го носев македонскиот репрезентативен дрес“, изјави Митрев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

