07 февруари 2025
• од Вардарски
Адвокатите Јанаки Митровски и Алмир Алиспахиќ се гости во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Главна тема беше смртта на Фросина Кулакова, која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ од 20-годишно момче кое под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со многу прекршоци удри во Кулакова.
ТВ21: Дали доклку момчето кој ја усмрти Фросина бил во затвор, немаше да имаме трагичен настан?
„Прво да изразам сочувство за загубата, иако зборови на утеха нема. Без разлика колку нема да и се допадне на јавноста, одговорот е не. Кога се изрекува казна затвор, таа не се ефектуира веднаш. Потоа еден месец се носи писмена пресуда, потоа има правни акти, жалба од двете страни. Значи, не се влегува веднаш во јавност На профил на личност како што е младиот господин кој нема респект кон човечки живот, може и за време отсуство од викенд да направи беља. Ние имавме таков случај со Кичеец кога усмрти лице откако беше од отсуство за викенд, и доби срамна пресуда од шест месеци“, рече Митровски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

