12 февруари 2025
• од Вардарски
Пратеничката од Левица, Мојсоска, на социјалните мрежи објави дека Артан Груби, и по неговото заминување од функцијата, продолжил да користи државно обезбедување. Според неа, ова укажува на можност за исценирано бегство на висок функционер.
Во одговор на пратеничко прашање, министерот Тошковски потврдил дека државата му обезбедувала обезбедување на Груби, иако тој е во бегство неколку месеци. Решението за обезбедување било потпишано од тогашниот министер Назим Буши на 13 јуни 2024 година, две недели пред формирањето на новата влада.
Мојсоска прашува зошто министерот Тошковски не го отповикал ова решение и дали постоел реален ризик по животот на Груби, што би ја оправдало потребата од државно обезбедување. Таа истакнува дека, и по завршувањето на функцијата, Груби продолжил да користи обезбедување од МВР, финансирано од државата.
Дополнително, Мојсоска посочува дека, доколку за Груби била иницирана постапка и тој бил ставен на STOP листа, не е јасно зошто обезбедувањето од МВР не реагирало кога тој ги известил дека ја напушта државата. Груби во својата последна објава навел дека го известил личното обезбедување пред да ја напушти земјата. Ова, според Мојсоска, укажува на можност за исценирано бегство на висок функционер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

