02 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, упати жестоки критики до Основното јавно обвинителство во Струга, обвинувајќи го за целосна неажурност и пасивност во случајот со бесправно изградениот објект во старата чаршија на градот. И покрај тоа што веќе е најавено негово „свечено отворање“, институциите со месеци не преземаат никакви мерки, предупредува Мојсоска.
„Не спие обвинителството само во Чаир – ОЈО Струга е во длабок зимски сон!“, реагира таа преку јавна објава, нагласувајќи дека со решение на овластен градежен инспектор е утврдено дека станува збор за бесправна градба. Сепак, се уште нема јасен одговор дали со тоа е узурпиран и државен имот, што дополнително ја зголемува сомнителноста за прикривање на незаконско постапување.
Мојсоска потсети дека на 16 ноември минатата година до Обвинителството во Струга поднела барање за изрекување на привремени мерки — запирање на градежните активности, отстранување на бесправниот објект и забрана за понатамошно градење. Еден месец подоцна, на 16 декември, поднела и официјална кривична пријава за делото „Бесправно градење“. Но, како што посочува, ниту седум месеци подоцна нема никаква реакција од надлежните.
„Рокот за постапување е три месеци. Поминаа повеќе од шест, а одговор нема. Сега веќе поднесов и претставка до Вишото обвинителство во Битола поради неажурноста на ОЈО Струга. Ќе барам и официјален одговор кој е конкретниот јавен обвинител што ја кочи постапката, одговорноста мора да има име и презиме“, изјави Мојсоска.
Таа најави дека нема да се откаже од случајот, предупредувајќи дека институционалната неажурност може да доведе до сериозни последици.
„Колку трагедии треба да се случат за оваа привилегирана обвинителска каста да ги напушти своите удобни фотелји и да почне да постапува?“, прашува Мојсоска.