06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Познатата македонска инфлуенсерка и јавна личност Моника Станојкова повторно привлече внимание на социјалните мрежи со своето гостување во подкастот „Естраден лексикон“. Во разговорот таа отворено зборуваше за интимни моменти од својот приватен живот и откри дел од своите лични фетиши.
„Сакам страни тела да вметнам… Сакам и тепање. Тоа го поддржувам само во секс“, искрено изјави Моника, објаснувајќи дека ваквиот вид на страст го смета за дел од интимниот живот, но не и од секојдневното однесување.
Нејзината искреност предизвика бројни реакции на социјалните мрежи — дел од публиката ја пофали за храброста да зборува отворено за табу теми, додека други ја критикуваа за премногу експлицитен говор.
Подкастот „Естраден лексикон“ и овојпат предизвика бурни коментари, бидејќи гостите често споделуваат искрени и контроверзни моменти од својот живот. Моника Станојкова, која важи за една од највлијателните македонски инфлуенсерки, уште еднаш покажа дека знае како да го задржи вниманието на јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

