13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Адвокатот Умјер Мухамеди на својот Фејсбук профил упати критика до дел од власта и опозицијата, посочувајќи дека државните функционери наместо да се занимаваат со институционалните обврски, го минуваат времето во политичка промоција.
Според неговиот пост, Министерот за екологија Изет Меџити, заедно со Заменик-министерот за социјална политика Ѓоко Велковски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Ангелова, денот го поминале во скопската општина Чаир водејќи изборна кампања.
Мухамеди истакна дека ваквото однесување е показател за целосна незаинтересираност за институциите и потребите на граѓаните. Неговата порака беше јасна и кратка: „Повеќе нема што да кажеме. Буквално не им е гајле“.
Ваквите настапи на функционери во изборен контекст често предизвикуваат реакции во јавноста, особено кога се прават во текот на работни денови, а се однесуваат на активности што повеќе личат на партиски митинг отколку на институционално работење. Социјалните мрежи и овојпат се покажаа како главна арена каде граѓаните ги изразуваат своите ставови за ваквите постапки.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден