МВР: Лишен од слобода крадец во Битола, осомничен за пет тешки кражби
Денеска (10 мај 2025) околу 04 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Б.М. (72) од Битола.
По претходно преземени мерки, полицијата го затекнала осомничениот на самото место на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“. Според информациите, Б.М. е осомничен за вкупно пет кривични дела „тешка кражба“, при што одземал засилувачи на интернет, сопственост на компанијата „А1 Македонија“, кои биле поставени на згради во Битола.
Лицето е лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава. Министерството за внатрешни работи информира дека продолжуваат со преземање мерки и активности за спречување на ваков вид кривични дела во иднина.