03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 1 март 2026 година во 22:52 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање на подрачјето на Чаир во Скопје. Според информациите од полицијата, од патничко моторно возило во движење биле испукани неколку истрели.
Инцидентот предизвикал вознемиреност кај жителите во околината, но за среќа, нема пријавени повредени лица.
Полициски службеници веднаш излегле на терен и извршиле увид. Од местото на настанот биле подигнати осум чаури како материјален доказ.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на сторителот, како и на околностите под кои се случил инцидентот.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

