14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи започна акција за итна евакуација на жителите во скопската населба Трубарево, поради пожар кој предизвикал сериозен ризик во околината. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, припадници на МВР одат од куќа во куќа и ги известуваат граѓаните дека мора веднаш да ги напуштат своите домови.
„Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат. Најризичен периметар се на 150 метри од местото на пожарот. Веднаш се упативме кон домовите на луѓето. Министерството за здравство даде препораки за вакви кризни ситуации“, изјави Тошковски.
Министерот прецизираше дека опасноста е категоризирана во неколку нивоа:
Тошковски истакна дека сите информации се добиени врз основа на мерења и анализи, и дека граѓаните мора строго да ги почитуваат препораките со цел да се заштити нивното здравје и безбедност.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден