03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија од Општинската изборна комисија.
Станува збор за Цветанка Велјанова, која на 97-годишна возраст се вклучува во политичката трка како кандидатка на политичката партија МААК. Со тоа, таа ја носи титулата на највозрасен кандидат на овие локални избори во Битола.
Веднаш зад неа според возраста е Кирил Добрушевски, исто така кандидат на МААК, кој има 81 година. Третиот по возраст меѓу кандидатите е Трајан Котевски, 80-годишен, кој се најде на листа поддржана од група избирачи.
Со вакви примери, изборната трка во Битола покажува дека политичката ангажираност и желбата за учество во јавниот живот немаат возрасни граници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

