07 февруари 2025
• од Вардарски
На бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“.
Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
