21 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорката Мирјана Најчевска остро реагира на масовното палење на дивите депонии низ Македонија, оценувајќи го овој чин како „масовно убиство“ и барајќи од институциите конечно да превземат конкретни мерки.
Најчевска смета дека проблемот со ѓубриштата може да почне да се решава само ако неколку луѓе завршат со доживотна робија без право на помилување, како и со целосна конфискација на имотот до трето колено. Според неа, таквиот пристап би испратил силна порака дека палењето на депониите не е само прекршок, туку дело што директно го загрозува здравјето и животот на граѓаните.
„Ова е масовно убиство, бре. На македонски, на албански, на турски, на српски, на влашки, на ромски, па дури и на бугарски – на сите јазици тоа е УБИСТВО“, порачува Најчевска, нагласувајќи дека прашањето нема етничка боја, туку е универзална опасност што еднакво ги погодува сите.
Таа јавно прашува дали ќе се најде јавен обвинител со „грам морал“ да поведе постапка и дали ќе има судија со доволна храброст да ја изведе до крај. Според неа, институциите со години го игнорираат проблемот, а цената ја плаќаат граѓаните кои секојдневно се изложени на загадување и токсични материи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

