06 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На вечерашниот натпревар меѓу Шкендија и Карабах во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, наместо спортска атмосфера, натпреварот беше засенет од недолично однесување на навивачката група „Балистите“.
Иако постоеја апели за фер и спортско навивање, дел од публиката на трибините повторно ги прекрши тие повици. Во еден момент, на стадионот одекнаа скандирања поврзани со политички и националистички пораки, меѓу кои: „Голема Албанија“, „Илирида“ и „Чамерија“.
Инцидентот доаѓа во чувствителен момент, имајќи предвид дека неодамна Министерството за внатрешни работи (МВР) реагираше и на слични испади на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.
Сега јавноста очекува дали МВР ќе излезе со официјална реакција и за овој случај, имајќи го предвид потенцијалот за нарушување на јавниот ред и мир, како и нарушување на угледот на спортските манифестации во земјата.
Натпреварот заврши со минимална победа за Карабах од 1-0, но според многумина, вистинскиот пораз го претрпе спортскиот дух.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

