30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Порталот TS неофицијално дознава дека вечерва, на собирот организиран од коалицијата ВЛЕН, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се очекува присуство и на над 2000 симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите, нивната улога е да помогнат салата да се исполни до крај.
Овие наводи неофицијално се потврдуваат и преку реакциите на социјалните мрежи. Голем број профили кои јавно се идентификуваат како поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите денови масовно реагирале со „лајкови“ на официјалната страница на ВЛЕН, како и на видеото со повик за учество на вечерашниот собир.
Како дополнителен показател, во јавноста се споделува и видео-снимка што ја зајакнува оваа информација, оставајќи простор за сомнеж дека мобилизацијата на симпатизери од ВМРО е дел од стратегијата за поголем број присутни на настанот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

