27 февруари 2025
• од Вардарски
Во изминатава недела се регистрирани над 3.000 заразени од грип, за 11 проценти повеќе од претходната седмица. Има и еден смртен случај, 78-годишен пациент од Скопје кој се лекувал на пулмологија. Тој имал коморбидитети и не бил вакциниран.
Речиси 1.700 од заразените се на возраст од 15 до 64 години. Најмногу случаи има во Скопје, повеќе од 600, па следуваат Куманово, Битола, Тетово, Струмица.
Вкупниот број на заболени сезонава надмина 17.000, за 36 проценти повеќе од претходната, а досега има три смртни случаи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

