02 април 2025
• од Вардарски
Поради обилните врнежи во последните неколку денови, Маркова Река ноќеска надојде и предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и пристапот до неколку скопски населби. Полицијата ги блокираше патиштата кон Драчево и Долно Лисиче, откако нивото на реката достигна критични точки, особено кај мостовите што ги поврзуваат овие места со Скопје.
Според информациите, пристапот до Драчево, Долно Лисиче, како и до останатите населби во регионот — Студеничани, Батинци и Зелениково — е можен единствено преку Јурумлери.
Во населбата Батинци, пред Драчево, Маркова Река веќе се излеа, поплавувајќи улици и подруми на неколку куќи. Граѓаните се соочуваат со сериозни потешкотии, а механизацијата е веќе на терен.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека ситуацијата се следи внимателно и дека „нема опасност по населението“. Според него, се преземаат сите мерки за враќање на реката во нејзиното корито и стабилизирање на состојбата.
Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат патување кон погодените области и да ги следат официјалните известувања за развојот на ситуацијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

