10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската комисија објави дека новиот систем за електронска авторизација за патување во Европската унија – ETIAS, ќе започне со примена во последниот квартал од 2026 година. Наместо првично планираната такса од 7 евра, патниците ќе треба да платат 20 евра за дозволата.
ETIAS ќе биде задолжителен за сите државјани на земји кои патуваат во ЕУ без виза, меѓу кои и граѓаните на Македонија. Дозволата ќе важи три години и ќе се добива по онлајн аплицирање, со приложување на важечки пасош и платежна картичка.
Европската комисија го оправдува зголемувањето на цената со инфлацијата од 2018 година и дополнителните трошоци за нови технички функционалности.
Пред воведувањето на ETIAS, од октомври 2025 година ќе стартува системот за влез/излез (EES), кој нема да се наплаќа. Овој систем ќе се применува на надворешните граници на 29 европски земји и ќе вклучува задолжително прибирање биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти. Одбивањето да се дадат овие податоци ќе значи забрана за влез.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово