10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Народниот правобранител, Фатон Селами, денеска го посети Казнено-поправната установа – Затвор Скопје во Шутка, каде што оствари средби со раководството на институцијата, но и со дел од затворениците кои изнесоа тврдења за употреба на насилство за време на вчерашниот претрес.
Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека Селами, заедно со тимот на Механизмот за граѓанска контрола, се сретнал со директорот на затворот, Бобан Утковски, и со заменикот-директор Баки Мустафи.
Целта на средбата била добивање подетални информации во врска со претресот извршен од страна на припадниците на Единицата за интервенции при затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции.
За време на посетата, Омбудсманот разговарал директно и со дел од затворениците кои биле предмет на претресот. Фокусот на разговорите бил начинот на постапување на припадниците на единицата за време на акцијата. Поконкретно, се утврдува дали биле испочитувани процедурите и стандардите предвидени со законските акти, како и дали имало пречекорување на службените овластувања или употреба на прекумерна физичка сила.
Од Канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека во текот на денешниот ден тимот на Механизмот за граѓанска контрола ќе продолжи со истражување на случајот. По завршувањето на сите проверки и прибирањето на доказите, Народниот правобранител детално ќе ја информира јавноста за констатациите и за понатамошните дејствија што ќе бидат преземени.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

