10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Град Скопје информира дека од овој понеделник ќе започне реализацијата на теренската дезинсекција против комарци на подрачјето на скопскиот регион.
„Теренската дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од понеделник, 13 јули, заклучно со четврток, 16 јули, во период од 22:00 часот до 3:00 часот изутрина следниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни“, соопштија од Град Скопје.
Апел до пчеларите Надлежните упатуваат посебен апел до сите пчелари во скопскиот регион. Се советува тие навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите и пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

