10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Тежок настан го потресе Гостивар, откако 14-годишно девојче го загуби животот по несреќа во градскиот парк.
Според информациите од полицијата, на 9 јули околу 20:20 часот, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар.
Според првичните сознанија, малолетничката паднала од лулашка во паркот. Таа веднаш била итно транспортирана во болница, но за жал, дежурниот лекар во 20:55 часот само констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото девојче е предадено на обдукција. Надлежните институции работат на расчистување на случајот и утврдување на целосните околности кои довеле до оваа трагедија.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

