10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство Битола, добило судска наредба за претрес на три локации: службените простории на едно училиште, домот и автомобилот на пријавено лице.
Основниот суд во Битола го прифатил барањето на обвинителството и издал наредба за претрес со цел обезбедување на предмети поврзани со истрагата. Претресите биле извршени вчера, но до моментот на објавување на информацијата, обвинителството сè уште не добило официјално писмено известување од полицијата за евентуално пронајдени или одземени предмети.
Од ОЈО Битола нагласуваат дека целата законска процедура за обезбедување наредба за претрес била целосно почитувана, а спроведувањето на наредбата било во надлежност на полицијата. Воедно, јавното обвинителство појаснува дека во конкретниот случај не било издадено никакво решение за приведување или итен распит на лицето, со што се укажува дека евентуалните дополнителни дејствија биле надвор од издадените овластувања.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово