07 февруари 2025
• од Вардарски
Семејството на трагично загинатата Фросина остро реагираше на денешниот прес на семејството на Васил Јованов и нивниот адвокат.
По прес-конференцијата, нејзината сестра, Росица Кулакова, се огласи на социјалните мрежи, обвинувајќи го семејството на Јованов за неодговорност и неуспех во воспитувањето на нивниот син.
„Не сте преземале никаква одговорност како родители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирате оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции“, напиша Кулакова на Фејсбук.
Јавноста останува силно ангажирана околу случајот, со многу реакции кои бараат правда за Фросина, додека семејството на Јованов тврди дека нивниот син е невин и бара правично судење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

