26 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека нема никакво истекување на линдан од просториите на поранешниот индустриски комплекс ОХИС во Скопје. Од таму уверуваат дека процесот на чистење на оваа високо токсична супстанца се одвива континуирано и под строго контролирани и безбедни услови.
Како што информираат од Министерството, на 22 октомври, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор на локацијата. При контролата било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан, ниту пак било какви други нарушувања на безбедноста на објектот и околината.
„МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата — чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС“, стои во соопштението.
Министерството потсетува дека веќе неколку години активно се работи на чистење на т.н. мал линдански лот, при што се постигнати значајни резултати. Паралелно со тоа, институцијата и нејзините партнери бараат најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на следната, поголема фаза — чистење на големиот линдански лот, кој претставува приоритетен сегмент во целиот процес.
Од МЖСПП нагласуваат дека остануваат целосно посветени на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности. „Нашата цел е создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани“, наведуваат од Министерството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

