24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
В.д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, изјави дека во македонските затвори со години постоела системска корупција, но верува дека состојбата постепено се подобрува.
На новинарско прашање по денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов рече дека бројките покажуваат намалување на системската корупција, иако таа не е целосно искоренета.
„Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера. Дали е уништена – не, но верувам дека Македонија од година во година ќе напредува“, порача Пандов.
Пандов потенцираше дека во изминатата година имал бројни средби со обвинители и судии и се уверил дека корупцијата е реалност, но исто така дека постојат и многу професионалци кои ја сакаат својата работа и се борат за чесен систем.
„Не може една институција сама да ја уништи системската корупција“, додаде тој.
Освен за корупцијата, Пандов зборуваше и за присуството на мобилни телефони кај затворениците. Тој нагласи дека бројките се поразителни:
„Нема телефон само оној што не сака да има телефон“, рече Пандов, појаснувајќи дека во одредени затвори мобилните телефони се раширени, но има и институции каде контролите покажуваат дека нема ниту еден.
Пандов смета дека борбата со корупцијата и со нелегалните активности во затворите мора да се води на институционално ниво, со активна улога на директорите и затворската управа. Според него, системските слабости може да се надминат само со заедничка посветеност и континуирана работа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

