12 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста повторно се отвора прашањето за непотизам во државните институции, откако беше откриено дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, вработил свој близок роднина во сопствениот кабинет.
Игор Трајковски од Кратово пред неколку месеци бил префрлен во АХВ преку постапка на превземање од институција до институција. Пред тоа работел во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделието, во скопската работна единица.
Случајот станува спорен бидејќи Миланов и Трајковски се братучеди, што отвора сериозни сомнежи за непотизам и злоупотреба на службената положба. Вработувањето на роднина во вакви околности е спротивно на законските ограничувања.
Случајот бил пријавен и во Државната комисија за спречување на корупцијата. Според законската рамка, директор на јавна установа нема право да вработува лица кои му се во роднинска врска до четврто колено. Оттаму велат дека постапката ќе биде разгледана и ќе се утврди дали има прекршување на законот.
Оливер Миланов е син на Стојан Миланов, поранешен пратеник од Социјалистичка партија и роднина на покојниот Љубисав Иванов – Ѕинго. Ваквата семејна поврзаност дополнително го засилува впечатокот дека влијанието и врските продолжуваат да играат клучна улога во државните институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден