TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Независниот синдикат на одбрана бара зголемување на платите и ревидирање на бодовниот систем

15 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Независниот синдикат на одбрана бара зголемување на бодовите за основна плата за 20 проценти, ревидирање на системот на пресметка на платите со нивно врзување за трошоците за живот и инфлацијата, како и трајно решавање на статусот на професионалните војници до пензионирање. Ова денеска на прес-конференција го истакна полковник Марио Јурушиќ, претседател на Независен синдикат на одбрана.

Јурушиќ посочи дека во последните две години платите на воениот персонал и вработените во одбраната воопшто не биле зголемени. Со измените на Законот за служба во Армијата од 2024 година, бил изменет и системот на пресметка на платите. Претходно, платите биле врзани за минималната плата, па секое нејзино зголемување значело автоматско усогласување и во Министерството за одбрана.

„Со донесувањето на Законот, минималната плата беше заменета со минимални бодови и од тој момент сме целосно врзани за бодовниот систем. Бараме тој систем да биде врзан за трошоците за живот и инфлацијата, бидејќи од февруари 2024 година до денес, платите во Министерството за одбрана не се зголемени“, нагласи Јурушиќ.

Тој наведе дека минималната плата во државата во февруари 2024 година изнесувала 20.175 денари, додека во декември 2025 година достигнала 24.379 денари, што претставува разлика од 4.204 денари или раст од 20,84 проценти, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

„Ако ги погледнеме платите на вработените во одбраната – професионални војници, цивилни лица, подофицери и офицери – ќе видиме дека тие се идентични во февруари 2024 и во декември 2025 година. Тоа значи дека реалниот животен стандард е намален. Станува збор за припадници на одбранбениот систем, столб на државата, и доколку не се следат економските трендови, се загрозува отпорноста на системот“, предупреди претседателот на Синдикатот.

Дополнително, Синдикатот бара решавање на статусот на професионалните војници по завршувањето на активната служба. Како што истакна Јурушиќ, тие се пензионираат порано поради бенифицираниот работен стаж, а по навршување 45 години им се нуди привремено вработување во други институции.

„Станува збор за луѓе во кои државата вложила многу – учествувале во меѓународни мисии, гаснеле пожари, спасувале животи и и денес обезбедуваат затвори и витални објекти. Треба да им се даде можност да останат во системот уште неколку години за да ја исполнат законската можност за пензионирање со 40 години пензиски стаж. Тие можат да придонесуваат во борбени и логистички единици, како и во обезбедување објекти, што претставува дополнителна сигурност“, рече Јурушиќ.

На новинарско прашање дали е остварена средба со министерот за одбрана, Јурушиќ одговори дека средбата е одржана, но дека од страна на министерот им било соопштено оти во наредните две години не се планира зголемување на платите во Министерството за одбрана.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СПОРТ
04 март 2026

Христо Илиев постави нов европски рекорд за млади до 23 години на 60 метри

МАКЕДОНИЈА
04 март 2026

Жерновски: Со оваа влада нема да видиме вистински чекор кон ЕУ, таму нема шверц на 5 тони дрога и тендери за семејни бизниси

СВЕТ
04 март 2026

Хрватскиот висок дипломат: Интервенцијата на НАТО во Косово во 1999 година спаси животи

МАКЕДОНИЈА
04 март 2026

Анти-НАТО порака за време на посетата на Марк Руте во Собранието

МАКЕДОНИЈА
04 март 2026

Дводневен притвор за сопругот насилник

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
04 март 2026

Нова победа за Лора Христова – 21.000 гласа поддршка од светските фанови

ДРУГО
04 март 2026

Денеска 4 март 2026 година се празнува Преподобен Теодосиј Велики

ДРУГО
04 март 2026

Дневен Хороскоп за 4 Март 2026: Ден на интуиција, нови идеи и мали пресврти

СВЕТ
04 март 2026

Адмирал Брaд Купер: Над 2.000 цели во Иран погодени од два носачи на авиони и 200 борбени авиони

ВРЕМЕ
03 март 2026

Временска прогноза за 04.03.2026 – Магливо утро, променливо облачно попладне

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ, Сиљановска-Давкова: Силно ги осудуваме нападите на Иран

СВЕТ
03 март 2026

CNN: Американското разузнавање работи на вооружување на Курдите со цел поттикнување востание во Иран

СВЕТ
03 март 2026

Што се случува на Блискиот Исток? Нов извештај на ISW за војната меѓу Израел и Иран

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Политички консензус за НАТО: Сиљановска, Мицкоски, Ковачевски и Филипче едногласни за евроатлантската иднина

СВЕТ
03 март 2026

Макрон: Иран носи главна одговорност за американско-израелската воена операција

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
03 март 2026

Трамп: САД ќе обезбедат слободен проток на енергија низ Персискиот Залив

СВЕТ
03 март 2026

Трамп: Иран бил „во рок од еден месец“ од нуклеарно оружје

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Руте во Собранието ја пофали Радмила Шекеринска за нејзиниот придонес во НАТО

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Скандал во касарната во Петровец: Армиски припадник фатен со марихуана

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Панче Тошковски: Сопругот на Ивана задржан во полициска станица поради сомнение за повеќе кривични дела

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте

СВЕТ
03 март 2026

Млад бугарски историчар Којчев: Слободата не ни е подарена – таа е извојувана

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Буџетскиот дефицит тројно зголемен од јануари 2025 година: 9,8 милијарди денари минус во јануари 2026

СВЕТ
03 март 2026

Јотова: Времето е немоќно пред врвот Шипка, симбол на бугарската слобода

СВЕТ
03 март 2026

Раја Назарјан: За нас, Бугарите, Трети март е денот на слободата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

НАТО бара 5% од БДП за одбрана: Руте со јасен рок до 2035 година

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Сведоштво од сосетка за трагедијата во Тафталиџе: „Насилството траеше со месеци“

МАКЕДОНИЈА
03 март 2026

Трагедија во Тафталиџе: Против сопругот се воделе постапки за дрога и напад врз службено лице

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега