01 мај 2025
• од Вардарски
Бобан Данов, долгогодишниот селектор на македонската боречка репрезентација, си поднесе оставка од оваа функција. Данов ја презеде улогата селектор во 2021 година и во изминатите години беше предводник на репрезентацијата на бројни меѓународни натпреварувања, вклучително и на Летните олимписки игри во Париз, Франција.
И покрај оставката од селекторската позиција, Данов нема целосно да се повлече од боречките спортови. Напротив, тој најави дека ќе продолжи да работи со младите таленти, помагајќи им во нивниот развој и подготовка за идните предизвици.
Оставката на Данов отвора прашање кој ќе ја преземе водечката улога во македонската боречка репрезентација во наредниот период, особено со оглед на блиските европски и светски натпреварувања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

