30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од 29 септември цените на цигарите во земјава се зголемија за околу 10 денари по пакување. Засега, поради постоечки залихи по стара цена, потрошувачите не го чувствуваат целосното поскапување. Сепак, во наредните денови новите цени целосно ќе се пренесат до продажните места, што ќе значи вистински „ценовен шок“ за пушачите.
Поскапувањето ги зафаќа популарните брендови како:
Токму најбараните марки ќе станат значително поскапи за потрошувачите.
Оваа промена не е резултат на повисока акциза или државни даноци, туку претставува дел од ценовната политика на производителите. Анализите покажуваат дека се работи за прилагодување кон зголемените трошоци за производство и логистика, како и усогласување со ценовните трендови во регионот.
Пушачите се предупредуваат дека ова е само почеток на нов циклус на поскапувања. Засега на дел од продажните места се уште има пакувања по стара цена, но тие наскоро ќе исчезнат од пазарот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

