04 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од ноќеска на полноќ се менуваат цените на нафтените деривати во земјава.
Според најновата одлука, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77 денари.
Од друга страна, дизел горивата бележат намалување. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтинат за 1 денар, и нивната нова цена ќе биде 69,50 денари по литар.
Исто така, цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 денари по килограм, така што новата цена ќе изнесува 39,945 денари по килограм.
Според пресметките на РКЕ, просечното зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 0,24% во однос на претходната одлука донесена на 28 јули 2025 година.
Новите цени ќе стапат во сила на полноќ и ќе важат сè до следната редовна корекција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

