21 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од 26-ти септември стапуваат во сила построги одредби во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои директно ќе ги погодат пешаците и возачите на алтернативни превозни средства. Според објавеното во Службен весник, секој кој ќе биде фатен како користи мобилен телефон на пешачки премин ќе плати казна од 40 евра.
Новите правила не се однесуваат само на пешаците. Казни од 50 евра ќе следуваат за возачите на тротинети, трактори и мотоциклисти кои за време на возење користат мобилни телефони или имаат слушалки во уши. Целта е да се зголеми вниманието во сообраќајот и да се намали бројот на несреќи предизвикани од невнимание.
И велосипедистите не се исклучени. Доколку користат мобилен уред или слушалки за време на управување со велосипед, исто така ќе се соочат со парична казна од 50 евра.
Надлежните институции велат дека овие измени се воведуваат заради зачестените случаи на несреќи предизвикани од невнимание, особено кај младите возачи и пешаците. Со воведувањето на построгите санкции, се очекува учесниците во сообраќајот да бидат повнимателни и да се намали бројот на ризични ситуации на патиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

