08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Српската министерка за труд, вработување, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ, пред неколку дена на Кајмакчалан го изведе најновото понижување за македонските граѓани. Со гордо извикување и пеење на „Овде е Србија“, таа јавно испрати порака дека македонската земја, историја и жртви не значат ништо пред српските националистички митови.
„И гусле су опевале Васкрс Србије на Кајмакчалану. На овом месту наши преци оставили су кости... свака стена натопљена крвљу обавезује да сачувамо Србију и српство,“ изјави Ѓурѓевиќ, додавајќи уште една тешка дамка врз достоинството на македонските граѓани.
Срамната сцена се одвиваше без никаква официјална реакција од македонската држава. Додека Србија го велича „српството“ на македонска територија, македонските институции остануваат неми. Најстрашното е што молкот станува навика – како и секој пат кога соседите ја прекројуваат историјата, ја газат територијата и ги присвојуваат симболите што треба да бидат заеднички или барем почитувани.
„Живела Србија и живело нам српство,“ извика српската министерка пред споменикот на врвот, како да е на српска земја, а не на македонска. Овој повик, кој би требало да предизвика најмалку дипломатски протест, во Македонија едвај ќе стигне до вестите, а уште помалку до реакција на властите.
Во своето обраќање, Ѓурѓевиќ зборуваше за „вечната слава на српската војска“ и за „заветот на предците“. Но зад тие зборови стои едно јасно предупредување: Македонија е немо сведоштво на тоа како малите држави се бришат од картата на историјата. Жртвите на македонските граѓани, страдањата и борбата – никој не ги спомена. Наместо тоа, на македонска територија се гради митологија за „српско воскресение“.
Додека соседите со песни, гусли и патетика ја присвојуваат историјата на овој простор, граѓаните на Македонија остануваат сами со чувството на безвредност. На секој ваков настан, надежта дека државата ќе покаже барем трошка достоинство се руши. И токму тоа е најстрашното: дека македонските граѓани веќе се навикнуваат да бидат неми, да бидат газени, да бидат понижувани.
Нема бесплатен влез во ЕУ – нови правила за патување, потребен и документ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден