19 мај 2025
• од Вардарски
Од полноќ, 20 мај 2025 година, граѓаните ќе се соочат со ново поскапување на горивата, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,08% во однос на претходната одлука донесена на 16 мај 2025 година.
Причина за новото поскапување се повисоките референтни цени на нафтените деривати на светските берзи. Во однос на претходната пресметка, цените бележат следно зголемување:
Дополнително, влијание има и курсот на денарот во однос на доларот, кој бележи зголемување од 0,1804%.
Во согласност со Законот за акцизи, РКЕ е должна да го вкалкулира и новиот зголемен износ на акцизата за екстра лесното масло (ЕЛ-1). Поради растот на цената на Gasoil 0,1% во првата половина на мај, се исполнети условите за дополнително зголемување на акцизата од 2,00 денари за литар.
РКЕ потсетува дека овие се максималните дозволени цени, а трговците имаат право да ги формираат своите цени и под нивото на утврдените максимуми.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

